Седумдесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид, закажана за утре 7-ми септември се презакажува за во понеделник со почеток во 11 часот.

Како што е најавено, на седницата, советниците ќе расправаат за предлог заклучокот за прифаќање на Иницијативата за распишување на референдум на локално ниво и за предлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво. Иницијативата е поднесена од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, а доколку иницијативата се прифати од советот, охриѓани на референдум ќе можат да се изјаснат:дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил. 

Советниците, меѓу другото, ќе расправаат и за потребата од прогласување на стариот чинар како „споменик на природата“ и усвојување на елаборатот за негова валоризација, санација и ревитализација.

OhridNews