Предлог-одлуките за давање согласност на одлуката за усвојување на Годишниот план за вработување во 2019 во јавните претпријатија се на дневен ред на закажаната деветта седница на советот на општина Охрид што ќе се одржи во понеделник, 23-ти април со почеток во 14 часот.

Меѓу вкупно 77 точки, на дневен ред на седницата се и Предлог-одлуките за усвојување на Извештајот за реализација на Програмите за работа за периодот од 01.01. до 31.03.2018, предлог-програма за измена и дополнување на  Програмата за работа во областа на располагање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето  на општина  Охрид за 2018 година, Предлог-програма за изменување и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2018 година, како и Предлог –одлука за измена и дополнување на Одлуката за  утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година.

OhridNews