Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со одлично темпо.

На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид – Кичево. Одличен напредок. Што би рекол нашиот народ – „Се гледа крајот“. Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок. Ја градиме Македонија! – објави вицепремиерот Николоски.

Пред два дена во интервјуто за “360 степени” заменик претседателот на Владата изјави дека финеси се работат на завршување на тунелот кај Пресека на автопатот Охрид-Кичево и во следните неколку недели ќе се пушти во употреба и целата таа делница од Извор до Врбјани со галериите.

Потенцира дека ќе остане за изградба најтешката делница кај Ботун, а целиот автопат да биде завршен во предвидениот рок.

OhridNews