Денес во Дебрца беа одбележани 78 години од формирањето на првата организирана воена формација, баталјонот „Мирче Ацев“ на кој бил формиран на 18 Август 1943 година, на Славеј Планина.
По овој повод градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, претставници на Здружението на борци, членови на АРМ, Специјалната единица “Волци” и граѓани положија свежо цвеќе пред спомен обележјето во село Годивје и село Слатино.
Во чест на водникот Игор Костески кој беше убиен кај Вејце беше отворена спомен соба.
Во оваа прилика, во село Слатино беше отворена и спомен соба, во чест на водникот Игор Костески, припадникот на специјалната единица на АРМ, “Волци”, кој на 28 Април 2001 година, кај Вејце, на подмолен начин, во заседа беше убиен, од страна на припадници на терористичката ОНА, заедно со уште 3 припадници на Специјалната единица на АРМ, “Волци” и четири припадници на посебната единица на СВР Битола.
Нека им е вечна слава. И на Игор и на неговите другари, соборци истакна градоначалникот Зоран Ногачески
ОhridNews














