Со низа свечености Секторот за внатрешни работи – Охрид, ќе го одбележи 7ми Мај-Денот на македонска полиција. По тој повод СВР Охрид денеска ќе одржи мала свеченост за поранешните вработени и бројните гости.


Оваа година ќе изостане традиционалниот прием во Општина Охрид, која како што официјално е соопштено,  поради економската криза, нема да го одбележи денот на полицијата, на кој најдобриот охридски полицаец беше наградуван со тв приемник.

Ohridnews