Државниот инспекторат за транспорт при контролата во општина Охрид, што во текот на овој месец била извршена во соработка со СВР – Охрид и инспектори од Битола и Струга, времено исклучил од сообраќај 8 возила.

На лицата кои  управувале со овие возила им е изречена глоба во висина од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.

При оваа акција во Охрид, кај 39 правни лица кои ги прекршиле законските одредби, поведена е прекршочна постапка со изрекување на глоба во висина од 2.500 до 5.000 евра во денарска противвредност, а за 7 физички лца кои вршеле дејност товарен превоз без упис во Централниот регистар на Република Македонија е поведена прекршочна постапка со изрекување на глоба во висина од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

Ohridnews