Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ, 8 Април (недела), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Од министерството, исто така информираат дека 9 Април (понеделник), Велигден,  вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за верниците од католичка вероисповед во Република Македонија.

OhridNews