Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска на градскиот плоштад на пригоден начин ќе им го честита празникот на охриѓанки, а по повод Денот на жената, Клубот на жени при ОО на СДСМ-Охрид ќе подари грејно тело на здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
Инаку за празникот на жената во Охрид владее вообичаена атмосфера. Поради кризата охриѓани годинава трошат помалку, но сепак не изостанаа подароците за понежниот пол. Нема да изостане и традиционалното дружење на охридските жени во рестораните и кафулињата.













