На 05.09.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од 26 годишно лице, удрил во 84 годишна жена, двајцата од Охрид, информираат од МВР.

Притоа, жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews