Во Полициската станица Охрид, вчера, 50-годишно лице од Охрид пријавило дека во дворот од куќата во село Сошани-Дебрца, го пронашол починат неговиот 86-годишен татко.

Смртта била констатирана од екипа од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

OhridNews