Јабланица е едно од неколкуте села во струшко кои поради големите снежни наноси со денови се отсечени. Надлежните веќе неколку денови прават напори за пробивање на патните правци кои водат до нив.
Во организирани акции од страна на Центарот за управување со кризи и АРМ, во текот на вчерашниот ден и денес се реализираа акции по воздушен пат, со хеликоптер, да се изврши дотур на храна и лекови на жителите од овој регион.