9-ти Конгрес со меѓународно учество на Македонското стоматолошко друштво се одржува во Охрид под темата „Стоматолозите и предизвиците на новото време: можности и ограничувања“.

Свое обраќање пред присутните и топло добредојде им посака градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Верувам дека во наредните денови ќе бидат разменети искуства и познавања, ќе се разгледуваат последните клинички истражувања во стоматологијата и ќе се разгледуваат најновите надградби на стоматолошките водичи кои промовираат нови методи. Бидејќи сето тоа води кон подобрување и унапредување на услугите кои како стоматолози ги даваме на пациентите, истакна Пецаков.

Конгресот се одржува од 15-ти до 18-ти септември.

OhridNews