9 санкционирани возачи во Охрид за управување моторни возила со брзина поголема од дозволената.
На 29.11.2021 година од 07 до 10 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници санкционирале 15 возачи кои во и надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената во Охрид 9, во Струга 3, во Дебар 3. Во Струга, со специјално возило „пајак“, подигнати се четири возила кои биле непрописно паркирани, информира порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












