Утрово најниска темпаратура од -9 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Во Охрид утрово живата во термометрите се спушти до третиот степен под нулата.
Врнежи од снег ноќеска се забележани во охридско, Дебар, Прилеп, Крушево…
Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер (повремено со брзина околу 100 км/час, особено на планините). Локално ќе провејува слаб снег. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 3 степени.
OhridNews