На 18/19.12.2021 година од 21 до 03 часот на целото подрачје на СВР Охрид извршени се сообраќајни акциски контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои управувале под дејство на алкохол од нив во Охрид-09, Струга-06, Кичево-02, Дебар-01. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР Охрид информираат дека во пресрет на претстојните празници сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

OhridNews

фото. МВР