Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година.

Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки во гимназиско образование.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во прва година ќе се запишат 277 ученици во 10 паралелки од кои во  машинска струка – 84 ученици, 3 паралелки, електротехничка струка – 143 ученици, 5 паралелки, лични услуги – 25 ученици, 1 паралелка и сообраќајна струка – 25 ученици, 1 паралелкa.

Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ има место за упис во прва година на 236 ученици во 8 паралелки и тоа во
угостителско – туристичка струка – 168 ученици, 6 паралелки и хемиско-технолошка струка – 68 ученици, 2 паралелки.

Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ има место за 127 ученици во 4 паралелки и тоа во економско – правна и трговска струка – 93 ученици во 3 паралелки и здравствена струка – 34 ученици, 1 паралелка.

Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.

Првото пријавување на учениците ќе биде на 14 и 15  јуни 2022, второто пријавување на 21 и 22 јуни 2022, а третото пријавување на 28 јуни 2022.

OhridNews