Во текот на вчерашниот ден (22.03.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 93 возачи.
Од нив, 26 на територијата на СВР Охрид, 20 на територија на СВР Тетово… За време на контролата санкционирани се и 138 други видови на прекршоци, информираат од МВР.
Додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
OhridNews












