Во близина на специјалната болница „Св.Стефан“ во Охрид, вчера, околу 15 часот, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 39-годишен прилепчанец врз неговата 59-годишна мајка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Поради повредите, жената била однесена во охридската Општа болница каде и била укажана лекарска помош.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против пријавениот ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews