Два златни, еден сребрен и пет бронзени медали освоија членовите на охридскиот клуб „Хваранг Фист“ во третото коло од Македонската теквондо лига во олимписко теквондо кое се одржа викендов во Скопје.
Настапивме со 11 натпреварувачи Ненад Целески, Јана Спироска, Ристе Гелески, Максим Ристески, Димитар Грујоски, Љубица Митреска, Радмила Огненоска, Ева Милошеска, Анастасија Спироска, Миа Тасевска и Доротеа Најдеска. Прекрасна организација од страна на Македонската Теквондо федарација и Теквондо клубот Корио, со преку 200 борби во сите тежински категории, велат од клубот.
Посочуваат дека Ненад Целески и Јана Спироска повторно биле најдобри во своите јуниорски категории.
Вкупно 2 златни, 1 сребрена и 5 бронзи за нас и нови бодови за конечен пласман во лигата. Ненад Целески со 3 победи повторно најдобар во својата категорија, а воедно и најдобар јуниор на првенството, додаваат од клубот.
OhridNews














