Најдобрата македонска фудбалска репрезентација си обезбеди место помеѓу најдобрите во светот за 2017 година забележувајќи рекорден напредок на ФИФА рејтинг листата.
Момците на селекторот Игор Ангеловски напредуваа цели 86 места и годината што изминува ќе ја завршат на 76-та позиција, што воопшто не е лошо со оглед каде беа на почетокот.
Во натпреварувачката 2017 година Македонија претрпе пораз единствено од Шпанија, а на крајот врза и неколку победи кои донесоа најголем број на бодови.
Напредокот во светскиот поредок и донесе улога носител на Македонија во Лигата на нации и отворен пат за Европското првенство за три години кое ќе се одржи во 12 различни земји.
2017-та година ќе заврши без промени во ТОП 10. На врвот во фудбалот е Германија, потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија и другите.
OhridNews