Најсилната македонска фудбалска репрезентација во Охрид ги започна подготовките за престојниот пријателски натпревар со Албанија во вторник во Прилеп. Првиот тренинг со националниот тим го одржа и новиот помошник на селекцијата Гоце Седлоски.



Репрезентацијата во Охрид ќе остане до понеделник, кога заминува за Прилеп. За утрешниот ден закажана е средба со новинарите на која селекторот ќе ги истакне очекувањата за пријателската средба.

М.П.