Кривичниот суд во Скопје ги блокира сметките на фирмите од „Перо Наков“, за да се обезбедат пари во врска со кривични дела на фирмите за кои се води истрага. Сметката на А1 е блокирана за околу четири и пол милиони евра, додека останатите десет фирми за – осумстотини илјади евра.
Според вработените во А1, со блокирањето на сметките на телевизијата, власта всушност врши притисок кон медиумот.
– И покрај тоа што власта уште по упадот во телевизијата на 25-ти ноември тврдеше дека А1 не е цел на истрага, со последниот чекор на блокада на сметката се докажа спротивното – дека единствената цел на отворањето на случајот Пајажина е всушност – да се замолчи телевизијата. – се вели во информацијата објавена на официјалната веб страна на А1.