Составот на АВ Охрид во среда во нов термин (16ч) ќе го пречакаат тимот на Зрински Мостар во „Билјанини Извори“ во рамките од 15-та рунда од Јадранската Втората АБА лига.

– Нов меч и нов предизвик за нас. Не остапуваме од нашата цел преку мечевите од АБА лигата да стекнеме искуство кое ќе ни послужи во иднина. На моменти играме многу добро во АБА лигага, но не можиме да издржиме во таков ритам целиот натпревар. – рече тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.

– Реков и претходно дека не се вртиме назад и не го гледаме нашиот скор на табелата, туку се насочуваме кон секој наш нов противник. – додаде американскиот интернационалец, Рос Кенет.

Зрински Мостар со скор 8 победи и 6 порази се наоѓа на шестата позиција, а охриѓани со 1 победа и 13 порази се последнопласирани на табелата во Втората АБА лига.

OhridNews