Белградски Партизан со победа 81-74 над хрватскиот Задар ги стартуваше натпреварите од АБА Јадранската лига. Мечот го одбележа повратникот на клупата на Партизан, Душан Вујошевиќ кој “испровоцира“ втора техничка грешка и исклучување. Во тој момент се разбуди домашната публика и кон “сините“ полетаа ситни предмети и метални парички.

Во 29 минута од мечот гостите се повлекоа од теренот и по неколку минути убедување се вратија да го доиграат мечот.


На мечевите од “Јадранската “ лига забранети се организирани патувања на гостинските навивачи. Никој не ни сака да помисли што ќе се случеше на трибините, доколку во “Пионир“ имаше хрватски навивачи.

Македонскиот преставник МЗТ Скопје своето деби во оваа лига ќе го има вечерва во Загреб, против Цибона.

АБА ЛИГА – 1. коло:

петок:
Широки – Игокеа 63:69
Партизан – Задар 81:74

сабота:
17.00 Раднички – Олимпија
20.00 Будуќност – Цедевита
20.30 Цибона – МЗТ Скопје
21.00 Сплит – Црвена Звезда

недела:
18.00 Крка – Солнок

Ohridnews