Кошаркарите на АВ Охрид претрпеа убедлив пораз на домaшен терен во рамки на третото коло од Втората АБА лига. Во „Билјанини извори“ српскиот тим Вршац славеше со 111:61.

Денеска игравме против извонредно квалитетн тим. Пруживме отпор само во една четвртина, разочаран сум, мора да работиме подобро и посилно и да се обидеме да не загубиме повторно вака на домашен терен. – изјави по мечот ниското крило на КК АВ Охрид Реми Бери.

-Им честитам на гостите од Вршац на оваа заслужена висока победа. Се остварија нашите очекувања дека Вршац е еден од главните фавортити во Втората АБА лига. Би сакал да и се извинам на охридската публика што присуствуваше на вака лош натпревар од наша страна. Кои се причините, објективни или не ќе анализираме со цел да ги пронајдеме грешките. Екипата на Вршац е поквалитетна, тоа стои, како и тоа дека ние имавме исклучително тежок натпревар во домашното првенство во Кавадарци каде што освен на спортски терен имавме проблем и надвор од него, но на натпреварот против Вршац освен на почетокот на натпреварот во првите три четири минути, само во една четвртина покажавме заби. Но, кошарката се игра четири четвртини и тешко дека со една четвртина може да се добие и далеку послаб противник, а камоли ваков тим како Вршац. Ни останува да работиме напорно, дотолку повеќе што ние ја запознаваме АБА лигата, а имаме и тежок распоред, такашто се надевам што побрзо ќе се навикнеме на овој ритам сабота – среда и ќе ги оправдаме вложувањата на претседателот на клубот. – истакна по мечот Владимир Ѓоровиќ, помошник тренер на КК АВ Охрид.

-Им честитам на моите соиграчи на победата, а на Охрид на фер и коректната игра. Ова ни е петта победа на официјаните натпревари, ќе продолжиме напорно да тренираме за следните натпревари во домашното првенство. – изјави бекот на КК Вршац Милан Мунижаба.

-Сигурно е дека ние сме поквалитетн тим, го сфативме натпреварот многу сериозно, пристапот ни беше исто така таков. Игравме многу сериозно, квалитетот е на наша страна, го покажавме тоа уште од првата четвртина и мислам дека резултатот цело време се одвиваше позитивно за нас. Им се заблагодарувам на екипата, домаќинот и на публиката на фер и коректоното однесување, поквалитетни сме во овој момент и тоа го покажавме. И посакувам успех на екипата на Охрид во продолжението на првенството. Ние имаме високи амбиции и се надеваме дека ќе ги оствариме. Немаме притисок од управата. Презадоволен сум од односот на играчите и се надевам ќе ја оствариме целта. – рече Владимир Ѓокиќ – тренер на КК Вршац.

Г.М.