Екс селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан претрпе нов резил во АБА лигата. Неговата екипа Унион Олимпија доживеа пораз од Цибона 74-47 и тоа пред своите гледачи.
Домашниот состав во последната четвртина кога требаше да ја брка негативата тие постигнаа верувале или не само два поени од слободни фрлања што преставува изедначување на рекордот од нефикасност.
Претходно Пипан доби „жешка“ шлаканица од „штрковите“ откако претрпе пораз од 19 разлика во Скопје. Тренерското столче на најнеуспешниот селектор на Македонија е сериозно разнишано на клупата од „змајчеките“.
По два одиграни натпревари во АБА лигата екипата на Унион Олимпија се наоѓа на последното место со два порази.
Мх.П.