Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа втората победа во регионалната АБА лига, откако на теренот од Игокеа славеа со 108-99 (27-20, 36-37, 22-16, 20-29) во четвртата рунда од првенството.

„Штрковите“ подобро се снајдоа во финишот во кој двете екипи влегоа со егал на семафорот. Скопските „сино бели“ погодија два обиди за троја во серија и го скршија противникот.

Претходно, двата состави одиграа маестрално во напад и срушија неколку поентерски рекорди во АБА лигата. Во втората четвртина домаќините постигнаа 37 поени, а македонскиот шампион еден помалку 36 што доволно говори за мечот во Лакташи.

Со овој триумф „штрковите“ ставија точка на серијата од два порази и се вратија на победничките патеки. Дамјан Стојаноски со 23 поени беше најпрецизен во составот на МЗТ Скопје. Двоцифрен учинок имаа уште Минчев (19), Трајковски и Бејли (17) и Лалиќ (14). Кај домаќините најефикасен беше Врајт со 29 кошеви.

OhridNews