Кошаркарскиот клуб АВ Охрид претрпе нов пораз во Втората АБА лига, откако изгуби со убедливи 102-52 на гостувањето кај словенскиот состав Крка во 10-та рунда од регионалното натпреварување.

„Галебите“ целосната контрола на мечот ја изгубија во првиот период во кој домаќините поведоа со 26 поени (32-6). Во вториот и третиот квартал охриѓани беа нешто поконкуретни, а во последниот гостите додадоа уште еднаш гас и стигнаа до победа од 50 поени разлика.

Кошаркарите на Крка со триумфот на АВ Охрид се искачија на првата позиција на табелата, додека охридските кошаркари со една победа во десет мечеви се наоѓаат на претпоследната позиција.

Во домашниот состав најефикасни беа Дино Синач и Жига Димец кои уфрлија по 13 поени, а кај охриѓани најпрецизен беше Реми Бери со 20 поени.

Во следната 11-та рунда на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Сикст Приморска кој се бори со Крка за највисокото место во Втората АБА лига.

OhridNews