Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа попладнево во „македонското дерби“ против Пелистер со 80-64 (51-38) во АБА 2 лигата и ја запишаа втората победа во третиот натпревар во новата сезона.

На стартот на четврта четвртина МЗТ Скопје поводе со уште повисоки 71-54 и рутински го проведе натпреварот до самиот крај.
Во отсуство на повредениот Мекиќ, најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Црногорецот Милошевиќ со 29 поени. Следен противник на МЗТ Скопје ќе биде домаќинот на вториот „балон“ сезонава во регионалната лига Осиек, в петок, додека истиот ден Пелистер ќе игра против Војводина.
OhridNews











