На рускиот магнат Роман Абрамовиќ му дојде “преку глава“ од размазените ѕвезди, во екипата на Челси. Поразот од Наполи во 1/8 финалето, ја прелеа чашата во соблекувалната, левиот бек Ешли Кол, Френк Лампард и Михаел Есиен го критикувале Португалецот, Андрес Виљаш Бојаш за спроведената тактита на мечот.

“Газдата“ на “сините“ Абрамовиќ, бил најгласен за донесувањето на Андрес Виљаш Бојаш на клупата. Како што наведува англискиот сајт “thesun” Абрамовиќ планира да направи голем рез кај фудбалерите а први на удар се “бунтовниците“ Кол, Лампард и Есиен.

Мх.П.