Во врска со информацијата за кредитното задолжување на АД ЕМО  во вредност од 5.100.000 евра, од ова претпријатие појаснуваат дека станува збор за кредит од 25.05.2010 година, за кој предходното раководство пропуштило да го објави во дневен весник.

Со оглед на тоа, ние бевме приморани тоа да го сториме, а  врз основ на барање од 03.03.2011 година, кое до нас беше доставено од страна на Комисијата за хартии од вредност. На тој начин сакавме да ја запазиме законската процедура, велат од АД ЕМО.

OhridNews