Станува збор за линиите на релација Охрид- Копер( Словенија), Охрид- Скопје- Прага и уште една линија Охрид- Софија. Овие нови меѓународни линии веќе се објавени на прелиминарната листа која ја објави министерството, а наскоро се очекува објавување и на конечната листа.
Како што информира раководителот на секторот за патнички сообраќај во АД Галеб, Димитар Василески, одобрени се и линиите кон Германија и Швајцарија, чија подготовка е во тек. Според најавите, за Германија, автобусите на АД “Галеб” ќе сообраќаат на линијата Охрид- Скопје- Фуледа и Охрид- Скопје- Келн. Во Швајцарија, Охрид- Цирих- Базел- Ст. Гален.
Пред почетокот на летото се воведува и сезонската линија Скопје- Охрид- Валона- Саранда.