Традиционално, по повод Бадник, најголемиот производител на леб и печива АД „Жито леб“ Охрид, утре, 6- ти јануари, на сите свои продажни места, во промет ќе пушти празнични погачи со паричка од половина килограм.
Од компанијата информираат дека млечните ресторани на АД „ Жито леб“, утре, на Бадник ќе работаат со регуларно работно време, освен млечниот ресторан во населбата Охридати кој ќе работи со скратено работно време до 15 часот.
На 7- ми јануари, млечните ресторани на „Жито леб“ ќе бидат отворени од 7 до 13 часот, освен млечниот ресторан кај Охридатите кој нема да работи.
OhridNews