Адел е голем вљубеник во темната шминка со која ги нагласува своите очи, но сега се одлучи на светот да му покаже како изгледа и без тоа. Имено, пејачката осамна на насловната на популарното музичко списание „Rolling Stone“ без капка шминка. Со фотографијата ги воодушеви своите обожаватели кои и порачаа дека изгледа прекрасно во такво издание.
Популарната 27-годишна пејачка во интервјуто за истото списани откри дека повеќе пати добила понуда од машкото списание Плејбој да ја краси нивната насловна страница. Таа вели дека ја прашале толку многу пати што веќе и делува смешно. Се прашува дали го прават тоа затоа што е жена или затоа што е дебела. Нејзината нова песна „Hello“ ги собори сите рекорди како во физичка така и во дигитална продажба на синглот.