И покрај најавите дека матурантите кои ќе полагаат во јануари ќе бидат првите што ќе се оценуваат соред новиот модел, сепак нема да се направат измени во концептот на екстерно тестирање.
– Ние кажавме, ама не успеавме да го смениме концептот, ќе остане стариот. Во јануари матурантите ќе полагаат екстерно, а бидејќи сите ученици треба да полагаат според истиот концепт, сега за сега не очекувам измени во концептот. Но, сме отворено за дебати, разговори и веќе почнавме некои активности за нов модел на екстерно оценување, изјави министерот за образование Абдилаќим Адеми.
Министерот Адеми пред неколку месеци наведе дека системот има одредени слабости и побара во процесот да се вклучат сите засегнати страни за да се утврди конечен модел кој би бил прифатлив за сите.
Средношколците во изминатава година повеќе пати протестираа, а беше поставен и камп спроти Министерството за образование.
OhridNews
Извор: „Утрински Весник“