– Причина е нивното штетното влијание и оптоварување врз животната средина што е предизвикано од долгогодишниот период на нивното разградување – изјави денес министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
Правилникот пропишува дека кесите за транспорт на стоки кои се пуштаат и употребуваат на пазар, треба да го исполнат стандардот кој ја определува биоразградливоста на кесите. Со влегувањето во сила на овој Правилник, на 7 февруари 2013 г. кесите кои се употребуваат во Република Македонија, а се наменети за транспорт на стоки во продавници, магацини, складови, деловни простори, зелени пазари и посебни пазари каде што се врши трговија на мало на прехранбени производи, во продавници и киосци каде што е врши трговија на мало на ситни производи и во аптеките каде што се продаваат козметички производи, можат да бидат исклучиво биоразградливи. Односно може да се пуштат во употреба само биоразградливите кеси произведени на соодветно пропишаните стандарди за биоразградливост.
За непочитување на овие одредби предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска против вредност, како за производителот, така и за трговецот.












