Со 40 поени, 13 скока и пет асистенции, Јанис Адетокунбо му помогна на Милвоки бакс да ги совладаат Бруклин нетс во мајсторката од четвртфиналето на НБА плејофот.

Милвоки го доби натпреварот со 115:111 по продолжение и со вкупни 4-3 во победи избори конференциско финале.

Во дополнителни пет минути домаќините постигнаа само два поена. Во нивните редови најдобар играч беше Кевин Дурант со 48 поени.

Противник на Милвоки во финалето на Исток ќе биде подобриот од пресметката Филаделфија – Атланта.

Во финалето на Запад ќе играат Феникс – Лос Анџелес клиперс.

OhridNews