Аџиев: Писателите бараа нивни колеги да бидат лустрирани, а сега ги бранат
20.07.13 11:43
Опструкциите и критиките за процесот на лустрација доаѓаат од организирани центри кои се во функција на заштита на една лажна елита, која во минатото е создадена со лажење и кодошење на неистомислениците.
Ова се дел од констатациите на првиот човек на комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, кој во последниот период, особено по обелоденувањата на значајни имиња од МАНУ, стана предмет на секојдневни критики.
Во саботното интервју за Прес24, Аџиев вели дека овие критики не ги чувствува како притисок, туку како големо разочарување, но и потврда на некои ставови и мислења, кои долго, долго, во јавноста лебдат дека “има нешто труло во (нивната) држава Данска”, пренесува „Макфакс“.
-На почетокот на мандатот, додека Комисијата се организираше, додека ги донесе актите и го воспостави системот на работа, од овие исти кругови беше критикувана зошто се уште нема резултати, за да сега, кога процесот влезе во целосна реализација, а особено кога на увид на јавноста почнаа да излегуваат имињата на некои “значајни” личности тие истите кренаа уште поголема прашина, вели Аџиев за Прес 24.
Аџиев вели токму, Чедомир Дамјановски, е задолжен за опструкција на работата на комисијата. Според него тој е двигател на сите реакции во јавноста.
За него е многу симптоматично, “како тоа Академијата и Друштвото на писателите на Македонија разбраа (или можеби знаеја) за кого се однесува нешто што воопшто не излезе во јавноста од Комисијата”, алудирајќи на досието на Славко Јаневски, по кое и се крена бурата.
„Дали некој почувствува и се препозна, дека сега кога ќе се отвори “пандорината кутија на кодошите”, следните, можеби тие се на дневен ред. Тоа не можам да го утврдам. Но факт е, дека тие го обелоденија тоа име, и го “предадоа на јавноста”. Доколку не беа толку себични и сурови, јавноста воопшто немаше да добие сознанија за таа личност, вели Аџиев.
Тој во интервјуто за Прес24 уверува дека комисијата нема селективен пристап и работи според законите.
Продолжува опаѓањето на нивото на Охридско Езеро Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот три дена по ред е на кота од 69315 мнв што е за 5 сантиметри над дозволе...
Денес (19102026), со почеток во 17:00 часот, ќе бидат извлечени главните награди од хуманитарната и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ Во извлекувањето ќе учеству...
На 17/18102026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, спроведе контроли во 66 угостителски об...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.