Во единицата на локалната самоуправа, како и во јавните претпријатија кои произлегуваат од неа има превработесност, што сериозно го оптоварува работењето на општината, изјави градоначалникот Никола Бакрачески по експозето посветено на првите 100 дена од неговиот мандат.

-Европски стандард е 1 административец на 1000 жители. Општина Охрид со 55.000 жители би требало да има 50 – 55 вработени во администрацијата на локалната самоуправа. Сигурно дека еден од поголемите проблеми на почетокот на мандатот на нашето работење е оваа огромна превработеност. Ние ангажиравме служби кои ќе изготват стручна анализа која треба да покаже колку оваа администрација е издржлива не само во општина Охрид, туку и во јавните претпријатија, која анализа  ќе резултира со заклучоци, што и како понатаму со оваа предимензионирана администрација.-изјави Бакрачески.

Анализите околу локалната администрација, како што истакна градоначалникот, се во тек и наскоро јавноста ќе биде информирана за состојбите со превработеноста во општината и јавните претрпријатија во Охрид.

OhridNews