Политичките пресметки и реваншизми од централната и локалните власти попримаат се повеќе и етнички карактер, обвинува партијата за Движење на Турците (ТХП).
„Од практицирањето на централната и локалните власти најголеми губитници и жртви стануваат недоволно заштитените Турци. 13 години од спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор жалосно е да се констатира дека Турците се маргинализираат и веднаш треба да се стави крај на ваквата состојба. Недоволното учество и придонес во подобрување на економско-политичката состојба во државата придонесе да сме незадоволни и од динамиката на спроведувањето на правичната и соодветна застапеност на Турците во органите на државната управа.
На 05.02.2014 год. во општина Охрид лицата вработени на пробна работа полагаа стручен испит за државните службеници. Од информациите што ги поседуваме од 26 кандидати 8 успешно го положиле. Симптоматично е тоа што меѓу успешно(?)положените нема Турци а ги има во неположените кандидати. Претходната локална власт имаше храброст да ја подобри етничката застапеност и на другите заедници,но сегашната власт после една година од власта во општина Охрид прави непромислен потег, и ги смета Турците за непожелни во Охридската општинска администрација.“-стои во соопштението потпишано од претседателот на ТХП Аднан Ќахил.
Оттаму ги повикуваат надлежните органи и институции веднаш да преземат соодветни мерки за решавање и остранување на незаконските дејствија во спроведувањето на стручниот испит за државните службениици во општина Охрид.
OhridNews