Според анализите на Централниот Регистар на Република Македонија, АДОРА Инженеринг-Скопје е рангирана како 20-та, економски  најуспешна фирма во Македонија, за 2011 година. 

Овој показател, како и фактот што компанијата, секоја година се искачува  неколку места нагоре и секогаш е меѓу Топ 200 најголеми и  најуспешни македонски компании, е уште една потврда за нагорниот тренд по кој се движи фирмата, која бележи постојан раст и развој во секторот на високата градба и градежништвото, каде важи за лидер на овие простори.

Во изминатата деценија, АДОРА Инженеринг има изградено повеќе од илјада елитни висококвалитетни станови низ Македонија, во Скопје, Струмица и Охрид, применувајќи ги најновите стандарди за квалитет, енергетска ефикасност и еко градби, кои се тренд во светот. Градежната фирма, прогласена за Инвеститор на годината за 2011 и 2010-та година, годинава ќе изгради пет нови станбено-деловни објекти во Ново Лисиче, општина Аеродром, со повеќе од 300 елитни станови. 

OhridNews