Првиот апарат-пиштол за кор биопсии, кој денеска и беше предаден на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Државната болница во Скопје, е донација на неколку компании во Македонја, меѓу кои е „Адора Инженеринг“.

Со хуманитарната донација, организирана од агенцијата Марили се надополни палетата на дијагностички постапки за рано детектирање на тумор на дојката, на лимфните жлезди достапни за пункција и на поткожните тумори.

„Пиштолот за кор биопсии ќе го надмине досегашниот проблем во работата, кога со тенкоиглената биопсија не можеше да се земе доволно материјал и ќе овозможи да не се боцкаат пациентите повеќе пати, туку првото земање материјал ќе биде доволно да се постави дијагноза и да не се губи време, што е најважно за овој вид на болести. На овој начин се надминува проблемот на недостиг на овој вид медицински услуги во јавното здравство, за што обучивме и лекари во странство, екипиравме стручен тим, со што сега пацинетите нема потреба повеќе да одат за овој тип услуга во приватното здравство“. – вели д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој порачува дека без социјалната одговорност на дел од компаниите, многу домени на јавното здравство би биле беспомошни и уназадени.

 

„Во годината на одбележување на полнолетството од 18 годишно постоење, Марили реализира хуманитарен проект со донација на апарат за биопсија и рана детекција на карцином на органите на жените на клиниката за радиотерапија и онкологија, со цел да помогнеме на време да се открие оваа тешка болест, да се излечат женитеи да спасиме човечки животи. Идејата за оваа донација беше одлично прифатена од компаниите, со што бизнис заедницата покажа чувство за општествена одговорност, што очекуваме во да резултира со набавка и уште поголеми и повредни донации за здравствените клиники во иднина“.- вели Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција Марили.

Преку овој позитивен пример, медициските стручњаци се надеваат дека апелот за помош ќе допре и до другите компании во Македонија кои со поголема доверба во реформите во здравството, ќе сватат дека тие се прават за подобрување на лошите состојби во здравствениот сектор, за доброто на заедницата и пациентите, меѓу кои може да се најде секој од нас.

OhridNews