За особен придонес во афирмацијата и развојот на Саемот на недвижности, RealExpo 2013 кој деновиве се одржа во Скопје, Адора Инженеринг доби благодарница од Валентина Димитрова, оперативен директор на саемот за градежништво и недвижности, што претставува само уште една потврда за  успешното работење на компанијата.

Адора Инженеринг во периодот меѓу двата саеми на недвижности, во текот на 2012 година, продаде околу 270 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, комплетно заврши и предаде во употреба 300 станови во Скопје и изгради нови 300 висококвалитетни станови во општината Аеродром, Ново Лисиче-Скопје.  Со вкупен годишен обрт од околу 50 милиони евра и вградени 22 илјади метри кубни бетон и 2,5 илјадни тони железо во станбено-деловните објекти, Адора Инженеринг е на врвот на најуспешните градежни компании во Македонија и меѓу најуспешните излагачи на саемот на недвижности RealExpo 2013 во Скопје.

Адора Инженеринг е единствената компанија од Македонија што го доби високото меѓународно признание од Европската Бизнис Асамблеа за најуспешно претпријатие и за најуспешен менаџер во 2012 година. За 10 години постоење, компанијата се разви во лидер во високоградбата. Како брзорастечка компанија во последните пет години таа постојано се искачува на ранг листата на најуспешните претпријатија и од 165-то место во 2007-ма година, во 2011-та година се искачи на 20-тото место, а очекувањата се дека во 2012 година компанијата ќе биде рангирана меѓу 15-те најуспешни фирми во Македонија.

„Саемот на недвижности е голема придобивка за подобрување на бизнис климата во државата, што ги мобилизира субјектите во градежништвото и ги поттикнува инвеститорите да се докажуваат на полето на економскиот натпревар. На Саемот на недвижности RealExpo Скопје-2013, на штандот на Адора Инженеринг беа склучени 10-тина договори за продажба на станови, со што купувачите кои беа наградени со специјален саемски попуст и наградно патување во Дубаи, потврдија дека квалитетниот, сигурен и современ дом ја има довербата кај граѓаните. Во време на глобална економска криза сметам дека владата треба да продолжи со мерките за поддршка на градежниот сектор со добрата бизнис клима, за што е неопходен рамноправен третман на домашните и странските инвеститори, кои не смеат да бидат привилегирани од државата“.- порача ген. дир. на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој потенцира дека компанијата целосно го исполни тоа што го вети минатата година на саемот, за изградба на 300 нови станови во Скопје, кои се во завршна фаза, се карактеризираат со врвен квалитет по светските стандарди и имаат поволна цена, со што го одржа јавно дадениот збор пред конкурентите во градежниот сектор.

OhridNews