Во првото четиримесечје од годинава, градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, во просек по 1 стан днево и 30 продадени станови месечно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку дека лидерот во високоградбата во Македонија освари забележлив растечки тренд во однос на продажбата во првото четиримесечје во 2013-та година.
„Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг продаде 7081 м² станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање во квалитетна градба со примена на европските стандарди, врвната геомеханичка стабилност и асеизмичност на објектите потврдена со вештачки земјотрес, вградувањето повеќе железо и бетон по м² во изградба на економични енергетски ефикасни објекти од А класа, кои се подготвени за енергетски пасош. На драстично зголемената продажба на станови во Адора Инженеринг влијаат и специјалните поволности што на купувачите им ги нуди компанијата заедно со прифатливите станбени кредити со банките, како и проектот „Купи куќа, купи стан“ и поволната бизнис клима во градежниот сектор во Македонија“. – порачува проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.
Чифлиганец потенцира дека темпото на продажба но компанијата го следи трендот на градбата, што наметнува зголемување на динамиката со нови инвестициони зафати и почеток на проекти за изградба на нови елитни станбено-деловни објекти на овој единствен градежен супербренд на атрактивни и ексклузивни локации во Скопје.
Забележливо зголемената продажба на станови годинава и новите инвестициски проекти се резултат на остварените планови и визии на менаџерскиот и стручен тим на Адора Инженерин, со што оваа компанија која е меѓу најуспешните во државава, дава директен придонес во македонската економија.
OhridNews