Градежната компанија Адора Инженеринг Скопје 2013-та година ја завршува со рекордна продажба од 274 елитни станови во своите еко објекти во Скопје и Охрид, што е за 32 % повеќе од минатата година. Анализите на продажниот сектор покажаа дека во текот на 12-те месеци годинава во компанијата се јавиле 2.800 заинтересирани граѓани за купување на стан, 837 потенцијални купувачи ја посетиле компанијата, а повеќе од една третина од нив, односно 274 граѓани купиле нов дом од овој единствен градежен супербренд во Македонија во 2013/2014 година. Податоците за нагорниот тренд на продажбата во Адора Инженеринг, потврдуваат дека за квалитетни, геомеханички стабилни, асеизмички сигурни, долгорочно економични енергетски ефикасни елитни станови, секогаш има интерес кај купувачите кои сакаат со нов сопствен дом да го решат животното станбено прашање. Новини кои во 2013-та година го подигнаа квалитетот на станбените објекти на градежниот бренд Адора Инженеринг на уште повисоко ниво е научната потврда на врвната асеизмичка стабилност на станбените објекти со симулација на „вештачки земјотрес“, како и изградбата на енергетски објекти од високата А КЛАСА, што на станарите ќе им заштедува енергија и пари за греење шест пати повеќе од порано.

Обраќање на генералниот директор на „Адора Инженеринг“ Д-р Ванчо Чифлиганец на 11 годишнината од постоењето на компанијата

Интересен е податокот за возрасната структура на купувачите, кои во модерниот станбен комплекс „Адора“ во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, каде компанијата наскоро ќе гради уште два станбени објекти, се на возраст од 30 до 40 години, што значи релативно помлада популација, додека од 40 до 50 години, се купувачите на станови во елитните објекти „Под Водно“ во Скопје и „Билјанини Извори“ во Охрид.

Примерот на Адора Инженеринг дека може да се прави успешен бизнис и во Македонија и на Балканот, се потврди со лидерското-прво место на компанијата во градежниот сектор-високоградба и позицијата на 12-та најуспешна компанија во Македонија во 2012 година, според Централниот Регистар на Р. М. Во 2013-та година компанијата со нови инвестициски проекти изгради 250 нови елитни станови и купи две нови атрактивни градежни локации во општина Аеродром, Скопје, каде ќе се градат стотина нови станови. Адора Инженеринг во рамките на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ досега има продадено повеќе од 20 станови. Идната 2014-та година, Адора Инженеринг сигурно чекори во насока на подобрување на квалитетот на градбите, во функција на задоволните купувачи.

Адора Инженеринг, која годинава го ребрендира логото, со акцент на градежната дејност, деновиве одбележа 11 години од постоењето. Во иднина компанјата размислува за збогатување на дејноста со нови развојни можности и бизнис проекти.

OhridNews