Македонската градежна компанија АДОРА Инженеринг е застапена во едицијата “Колекција на Најдобри Практики“ на Европската мрежа на Глобалниот Договор на ООН, како дел од материјалите на Светскиот самит  Рио+20.

Во публикацијата каде на повеќе од 200 страници се застапени над 100 реномирани компании на светско ниво, АДОРА Инженеринг е претставена со статијата “Градење на Енергетски Ефикасни Домови во  Македонија“.

Текстот на АДОРА Инженеринг се однесува на пионерската мисија на оваа градежна компанија во воведувањето на енергетски ефикасните зелени-еко домови во Македонија и регионот на Балканот.

Статијата вклучува и практични примери за помала потрошувачка на енергија и воведувањето на нови-обновливи извори на енергија, со примена на најновите светски технологии, што на станарите им овозможува поквалитетно и поекономично домување, со заштеда на пари, со што истовремено се заштитува животната средина.

“Мотивирани од желбата за постојано следење на светските стандарди и технологии, кои наметнаа нови високи критериуми за квалитетно домување, со акцент на користењето на природни, обновливи извори на енергија, стратегиски се насочивме кон изградба на зелените-еко домови. Користејќи ги современите искуства и иновации, како пионери во нашата дејност, ги создадовме енергетски ефикасните станбени објекти во Македонија, кои станаа тренд на 21-виот век“, вели сопственикот на Адора Ванчо Чифлиганец.

Публикацијата “Колекција на Најдобри Практики“ беше меѓу ресурсните материјали кои беа користени на Светскиот форум Рио +20, што неодамна се одржа во Бразил, каде присуствуваше и генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, кој беше посветен на одржливоста на претпријатијата и одржливиот развој.

OhridNews