
Акцијата ќе биде реализирана во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ и фестивалот „Охридско лето“.
Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и значајните клултурно историски споменици, каков што е Античкиот тетар кој е најголема отворена сцена во Охрид, а воедно и еден од најпосетуваните туристички локалитети во градот, велат од „Адора“.
Чистењето ќе започне по завршувањето на концертот на словенечката музичка атракција, со што Античкиот тетар ќе биде подготвен во полн сјај веќе од утре да ги пречека новите посетители.











