– Концентрирани сме на нашата игра. Иако има најави дека Македонија би била задоволна со реми, мислам дека ниедна екипа не влегува во натпревар со такви планови. Ние, како и секогаш досега влегуваме во дуелот со намера да го добиеме“ изјави Дик Адвокат селекторот на фудбалската репрезентација на Русија во пресрет на денешниот меч против Македонија.


Адвокат знае дека го очекува мотивиран состав на кој ќе му недостигаат неколку првотимци , но смета дека денес секој секого може да изненади.  – Повеќе нема лесни натпревари, мора максимално да се потрудиме за успех. Така беше досега, верувам дека ќе одговориме на предизвикот– изјави Адвокат

Натпреварот Македонија – Русија се игра во 20.30 минути.