По маестралниот прв меч против Чешка и триумфот од 4-1, сите ја видоа Русија дури до финалето на Европскиот шампионат во Полска и Украина. Но наместо во финале, “збронајта“ уште по мечевите во групата се враќаат дома.
– Ние игравме во текот на целиот меч, додека противниците само се бранеа. Примивме гол во финишот на првиот дел, а во вториот дел против тим како Грција е навистина тешко да играш. Пробавме се, нашите бекови се отворија, имавме тројца фудбалери во шпицот но недостигаше завршница. – рече рускиот селектор Дик Адвокат.
– Залудно игравме добро кога не дадовме гол. Немавме пораз во последните 16 меча, но немавме среќа на овој против Грција.Требаше да победиме, но тоа е фудбалот не секогаш го добивате тоа што го заслужувате – заврши Адвокат.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com