Скопскиот аеродром Александар Велики од пладнево повторно е отворен за сообраќај. По низата откажани слетувања и полетувања утрово, во 12.40 се реализира летот кон Виена.

Сообраќајот на скопскиот аеродром , поради магла беше затворен од вчера, при што дел од летовите беа откажани, а дел пренасочени кон софискиот аеродром.  

OhridNews